EU Info
Општество

Прва воена вежба на ЕУ во живо во Кадиз

Од денеска па до недела во поморската база „Рота“ во шпанскиот град Кадиз, ЕУ ја спроведува својата прва воена вежба во живо.

Во вежбата учествуваа приближно 2.800 припадници на вооружените сили на земјите членки на ЕУ, кои ќе симулираат почетна фаза на операцијата за стабилизација.

Во маневрите ќе биде вклучен шпанскиот амфибиски јуришен брод „Хуан Карлос Први“, кој ќе ја предводи оперативната група што се состои од 31 единица, вклучувајќи поморски, воздухопловни, копнени, вселенски и кибер орудија.

Во текот на утрешниот ден на маневрите ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, пред кого учесниците на вежбата ќе демонстрираат дел од своите активности.

Предвидено е утре Борел да се обрати и на заседанието на Воениот комитет на ЕУ на ниво на началници за генералштабови, што ќе се одржи во шпанскиот град Севиља.

Поврзани објави

Нова директива: Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови

EUinfo

Белгиските земјоделци го блокираа Брисел

EUinfo

На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info