EU Info
Општество

ЕК загрижени за неказнивост во Македонија

На овој специфичен случај не можам да коментирам. Од друга страна, мислам дека ЕК беше многу јасна во врска со измените на Кривичниот законик. Изразија длабока загриженост во врска со импликациите од самиот принцип на неказнивост поради овие измени, изјави евроамбасадор Дејвид Гир кој беше запрашан од новинарите да го прокоментира застарувањето на предметот „Таргет-Тврдина”, кој се однесува на масовното прислушување во државата, а кој беше клучен предмет на поранешното СЈО.

Гир истакна дека ставот на ЕК е многу јасен околу употребата на европското знаменце при носењето на овие законски измени и тој не е променет.

Од наша страна можеме да кажеме дека одблиску ги следиме сите случувања кои се поврзани со судството и сите измени или последици кои што произлегуваат од измените на КЗ. Ќе излеземе со нови оценки и коментари во врска со понатамошни можни и идни развои на ситуацијата, кажа евроамбаасадорот по посетата на компанијата „Вивакс“, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Таргет-Тврдина“ е главен предмет од аферата за масовното прислушување. За овој предмет ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на 12 години затвор. Покрај него, на затворска казна од четири години беше осудена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Највисоки казни од по 15 години затвор добија двајцата контраразузнавачи од т.н. Петта управа на тогашната УБК, Никола Бошковски и Горан Грујовски кои се во бегство. Во случајот беа обвинети вкупно 11 лица.

Поврзани објави

Што не чека на границите на ЕУ од ноември

EUinfo

Европол: Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години

EUinfo

Мачадо и Урутија добитници на годинешната награда „Сахаров“

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info