EU Info
Политика

Европарламентот ќе ги соопшти добитниците на наградата „Сахаров“ за 2023 година

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на денешното продолжение на овонеделната пленарната седница ќе ги објави лауреатите на награда за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година.

Одлуката за овогодишните добитници на наградата ја донесе Конференцијата на претседатели на Парламентот, што ја сочинуваат Мецола и лидерите на пратеничките групи во ЕП меѓу финалистите избрани од страна на комисиите за надворешни работи и за развој, врз основа на предложената листа на номинирани кандидати. Право на номинирање на кандидати за наградата „Сахаров“ имаат пратеничките групи во Европарламентот или најмалку 40 европратеници.

Овогодишни финалисти се активистките за правата на жените од Иран, двајца борци за човекови права од Никарагва и застапнички за легализација на абортусот од Полска, Салвадор и САД.

Убиството на Амини го осудија Обединетите Нации, Европската Унија, САД

Првите кандидати за наградата „Сахаров“ се починатата 22-годишна Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран. Иранската активистка за женски права Амини беше уапсена и претепана од припадници на т.н. „морална полиција“ при нејзината посета на Техеран во септември 2022 година, затоа што „го носела хиџабот на неправилен начин“. Таа почина неколку дена подоцна, што предизвика масовни протести во Иран предводени од жени под слоганот „Жена, живот, слобода“. Демонстрантите протестираа против Законот за хиџаб и другите законски акти со кои се дискриминираат жените во Иран.

Вторите овогодишни финалисти се Вилма Нуњез де Ескорсија и бискупот Роландо Хозе Алварез Лагос од Никарагва. Нуњез со децении се бори за заштита на човековите права во Никарагва, но и покрај прогонот таа останува во својата земја и продолжува со борбата за своите идеали. Бискупот од Матагалпа, Роландо Алварез е еден од водечките критичари на никарагванскиот претседател Даниел Ортега. Во февруари 2023 година, откако одби да ја напушти Никарагва, тој беше осуден на 26 години затвор и е под закана за одземање на државјанството.

Последните кандидатки за наградата „Сахаров“ се три жени кои се борат за бесплатен, безбеден и легален абортус во Полска, Салвадор и САД. Првата од нив е полската активистка за заштита на правата на жените и членка на организацијата „Дрим тим за абортус“, Јустина Видрињска, која беше осудена на осум месеци општествено корисна работа затоа што и помогнала на една жена да абортира, втората е феминистката и социјална активистка Морена Херера, која се залага за безбеден и легален абортус во Салвадор, додека третата е американската акушерка Колин Мекниколас, која е застапник и промотер на репродуктивното здравје во САД.

Наградата за слобода на мислата „Сахаров“ ја доделува Европскиот парламент секоја година од 1988-та на поединци или организации кои ги штитат човековите права и основните слободи. Таа е именувана по советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров и нејзиниот паричен надомест изнесува 50.000 евра.

Европскиот Парламент ја додели наградата Сахаров за слобода на мисла на Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цапкала од белоруската опозиција.

Инаку, покрај избраните финалисти за овогодишната награда „Сахаров“ беа номинирани и технолошкиот магнат и сопственик на „СпејсИкс“, „Тесла“ и „Х Корп“ (поранешен „Твитер“), Илон Маск, еколошката активистка од Уганда, Ванеса Накате и поранешната грузиска јавна правобранителка Нино Ломжарија.

Минатата година наградата „Сахаров“ му беше доделена на украинскиот народ, а меѓу досегашните нејзини лауреати се и Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи, Кофи Анан, Александар Дупчек, Алексеј Навални, Ибрахим Ругова, Обединетите нации, организацијата Репортери без граници и демократските опозиции во Белорусија и Венецуела.

Поврзани објави

ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година

EUinfo

Следното поглавје на Европа: Екипата на фон дер Лајен за новиот мандат на Комисијата

EUinfo

Унијата не треба да го одложува приемот на нови членки

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info