EU Info
Политика

Зубер: ЕК побара детали за договорот за снабдување со гас на Бугарија преку Турција

Европската комисија достави барање за информации во врска со договорот меѓу „Булгаргаз“ и турската компанија „Боташ“ за снабдување со гас на Бугарија преку Турција и со внимание го следи ова прашање, изјави денеска портпаролката на Еврокомисијата за конкурентност, Леа Зубер.

– Ние сме во контакт со релевантните власти и засегнатите страни. Наша улога е да обезбедиме усогласеност со европските регулаторни стандарди и со внатрешниот енергетски пазар, врз основа на поплаките за неусогласеност и можноста за прекршување на европските правила за конкурентност, истакна Зубер.

Изјавата на Зубер претставува одговор на новинарско прашање во врска со информацијата дека Европската комисија започнала истрага за договорот меѓу „Булгаргаз“ и „Боташ“, поради сомнеж за можни прекршувања на правилата за конкурентност на ЕУ.

Според ЕК, постои загриженост дека „Булгаргаз“ може да биде единствената компанија со седиште во ЕУ, што ќе има пристап до природен гас преку турската инфраструктура и потенцијално да дејствува како посредник за испорака на гасот обезбеден од Турција во земјите од регионот.

Со договорот, кој е со важност од 13 години, „Булгаргаз“ може да увезува ЛНГ од Турција преку интерконекторот „Странџа-Малколчар“, кој претходно се користеше за транспорт на руски гас за Турција преку „Трансбалканскиот гасовод“ што минува низ Бугарија. Дополнително, „Боташ“, покрај за Бугарија, преку бугарскиот преносен систем може да испорачува гас и за соседните земји. Турската компанија веќе најави дека подготвува договори за снабдување со гас на земји во регионот, меѓу кои и Унгарија, Романија и Молдавија, кој би транзитирал низ Бугарија.

Поврзани објави

Орбан ја повика ЕУ да започне директни преговори со Русија за Украина

EUinfo

Роберта Мецола реизбрана за претседателка на Европскиот парламент

EUinfo

Советот на ЕУ ги усогласи препораките за земјите членки за следните пет години

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info