EU Info
Политика

Заседанија на советите за надворешни работи и за земјоделство на ЕУ

Во пресрет на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи во Брисел во четврток и петок, Луксембург ќе биде домаќин на три заседанија на министерски Совети на Унијата.

За денеска е закажана седницата на Советот за надворешни работи, како и почетокот на дводневното заседание на Советот за земјоделство и рибарство.

На заседанието на Советот за надворешни работи, со кое ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, шефовите на дипломатиите на членките на Унијата ќе расправаат за ситуацијата во Израел и регионот на Блискиот Исток, по „бруталните и неселективни терористички напади на Хамас врз Израел“, како за „настаните што се случуваат во Газа“.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, попладнево се соочи со гневот на европратениците поради неговата посета на Москва минатата недела, тој прифати некои од забеле

Покрај ова, на Советот ќе се дискутира и за руската агресија врз Украина, со фокус на безбедносните обврски на ЕУ, а ќе бидат разменети мислења и за случувањата поврзани со Ерменија и Азербејџан.

По завршувањето на заседанието, ќе се одржи 20-от состанок на Советот за соработка ЕУ-Казахстан, со кој ќе претседава шпанскиот министер за надворешни работи, ЕУ и соработка, Хозе Мануел Албарес, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

На Советот за земјоделство и рибарство, министрите на членките на ЕУ задолжени за овие два ресори ќе разговараат за влијанието на руската агресија на Украина врз прехранбените производи и земјоделскиот сектор на Унијата. На почетокот на расправата на Советот ќе учествува и украинскиот министер за аграрна политика и храна Микола Солски.

Во продолжение на Советот ќе се дебатира и за предлозите на Европската комисија за измени на Рамковната директива за отпад, во делот поврзан со храната, како и за предложениот план за риболов во Балтичкото Море за следната година.

Франција денеска ја обвини Велика Британија дека игра политички игри со правата на риболов по Брегзит, откако Лондон и островот Џерси одбија да издадат дозволи за десетици француски бродови з

Министрите ќе разменат мислења и за насоките што ќе и бидат дадени на Европската комисија за позицијата на ЕУ за годишниот состанок на Меѓународната комисија за зачувување на атлантската туна (ИЦЦАТ), што ќе се одржи од 13 до 20 ноември, како и за влијанието на одредбите за ограничување на јаглеродот врз шумарството и земјоделскиот сектор.

Утре, Луксембург ќе биде домаќин и на Советот за општи работи на кој главна тема на претставниците на земјите членки ќе бидат подготовките за претстојниот Самит на ЕУ.

Дополнително, тие ќе ги разгледаат и извештаите за владеењето на правото во Данска, Германија, Естонија, Ирска и Грција, а ќе разменат мислење и за предлогот на Еврокомисијата за мерките за справување со демографските промени во Унијата.

Шпанија денеска го презема од Шведска ротирачкото претседавање со Советот на Евопската унија. Новото шпанско претседателство соопшти дека првата нивна активност е посетата на премиерот Педро

Тема на дневен ред ќе биде и проценката во напредокот поврзан со барањето на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот јазик за службени јазици на ЕУ.

Ден пред Самитот, в среда во Брисел ќе се одржи на Трипартитниот социјален самит на лидерите на институциите на ЕУ со социјалните партнери, со кој ќе копретседаваат претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

Според се уште неофицијалниот дневен ред за Самитот на ЕУ, шефовите на држави или влади на членките на Унијата треба да расправаат за настаните на Блискиот Исток поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас, случувањата околу Украина, за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027, за состојбите во европската економија и за прашањата поврзани со миграцијата.

Поврзани објави

Членките на ЕУ го усогласија ставот за измените на правилата за третман на отпадните води

EUinfo

Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник

EUinfo

Бока: ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info