EU Info
Политика

Исланѓанките штрајкуваат за поголема родова еднаквост

Жените ширум Исланд (вклучително и премиерката) денеска штрајкуваат, како дел од заложбите за поголема родова еднаквост во земјата.

Со протестот познат како „Слободен ден за жената“ (на исландски јазик: „Квеннафри“), се надеваат дека ќе ја подигнат свеста за „системската“ дискриминација, во однос на платите и родовото насилство со кое се соочуваат жените во Исланд. Ова ќе биде седми пат Исланѓанките да штрајкуваат во име на родовата еднаквост. Првиот штрајк се одржа на 24 октомври 1975 година, потсетуваат организаторите на кампањата на нивната официјална интернет-страница.

„На 24 октомври, сите жени во Исланд, вклучително и жените имигрантки, се охрабруваат да престанат со работа, и платена и неплатена. Жените (и небинарните лица) ќе штрајкуваат цел ден, за да ја покажат важноста на нивниот придонес во општеството“, се вели во соопштението.

Исландската премиерка Катрин Јакобсдоутир во петокот изјави за исландскиот портал „Исланд монитор“, дека и таа нема да работи на денот на штрајкот и очекува и другите жени во Владата, „во солидарност со исландските жени“, да го сторат истото.

– Како што знаете, ние сè уште не сме ги постигнале нашите цели за целосна родова еднаквост и сè уште се справуваме со родовиот јаз во платите, што е неприфатливо за 2023 година. Сè уште се справуваме со родовото насилство, што мојата Влада си го постави како приоритет, изјави Јакобсдоутир.

Нејзината влада претходно се обврза да го искорени родовиот јаз во платите до 2022 година. 

Поврзани објави

Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ од Иран добитници на наградата „Сахаров“ за 2023 година

EUinfo

Германија обвинета за груба злоупотреба на разузнавачките податоци

EUinfo

Полска утре го презема претседавањето со Советот на ЕУ

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info