EU Info
Uncategorized

Седум големи онлајн платформи до ЕК ги доставија првите извештаи за транспарентност

Седум големи онлајн платформи и пребарувачи до Европската комисија ги доставија своите први извештаи за транспарентност, како дел од нивните обврски предвидени со Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА).

Како што соопшти денеска Еврокомисијата, станува збор за Амазон, ЛинкедИн, ТикТок, Пинтерест, Снапчет, Заландо и Бинг.

Рокот за доставување на извештаите за транспарентност од страна на останатите големи онлајн платформи и пребарувачи истекува на 6 ноември.

Согласно Законот, за многу големи онлајн платформи и пребарувачи се прогласни Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Икс (поранешен Твитер), Јутјуб, Снепчет, Линкедин, Пинтерест, Амазон, Букинг, АлиЕкспрес, Заландо, Гугл Шопинг, Гугл Срч, Гугл Мапс, Бинг, Википедија, Гугл и Епл. Станува збор за интернет платформи и пребарувачи, кои според статистичките податоци, месечно ги посетуваат над 45 милиони Европејци. Тие имаат обврска да ги објавуваат овие извештаи за транспарентност на секои шест месеци.

Платформите со помалку од 45 милиони корисници и посреднички услуги, исто така, ќе треба да објавуваат годишни извештаи за транспарентност штом ДСА ќе почне да важи на нив во февруари идната година.

Извештаите треба да обезбедат транспарентност и отчетност во однос на умереноста на содржините објавени на интернет во корист на граѓаните, истражувачите и регулаторите, што според ЕУ, треба значително да придонесе за зајакнување на јавниот надзор и одговорност.

Извештаите за транспарентност мора да вклучуваат информации во врска со умереноста на содржините на услугите на платформите, со детали за бројот на известувања што ги добиваат од корисниците, бројот на делови од содржината што се отстранети по иницијатива на платформата, бројот на наредби за преземање мерки добиени од релевантни национални судски или административни органи, како и точноста и стапката на грешка на нивните автоматизирани системи за ублажување на содржините.

– Извештаите мора да содржат и информации за тимовите за ублажување на содржините, вклучувајќи ги нивните квалификации и лингвистичка експертиза, посочува ЕК.

Поврзани објави

ЕУ воведе нови правила за ограничување на емисиите на штетни гасови од возилата

EUinfo

Германија го заострува законот за престој

EUinfo

Пад на вредноста на швајцарскиот франк поради ненадејната најава за заминување на претседателот на Швајцарската централна банка

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info