EU Info
Политика

Полскиот претседател ја свика првата седница на новоизбраниот Парламент за 13 ноември

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска соопшти дека ја свикува првата седница на новоизбраниот парламент на земјата за 13 ноември.

Warsaw, Poland – August 02, 2015: The empty Plenary Room of the Polish Parliamentary Building in Warsaw, Poland

Со овој чекор Дуда го отвора патот за процедурата што ќе доведе до формирање на нова Влада по парламентарните избори во Полска на 15 октомври. Шефот на државата треба да ја објави и номинацијата за нов премиер, но рече дека подоцна ќе донесе одлука за тоа, пренесе БТА.

Дуда објави дека има двајца силни кандидати за функцијата, актуелниот премиер Матеуш Моравјецки и Доналд Туск, поранешен премиер и лидер на опозицискиот блок, кој заедно добива мнозинство од местата во новиот Парламент.

Моравјецки е член на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС), која освои најмногу места на изборите, но го загуби парламентарното мнозинство и нема доволно пратеници за самостојно да владее. ПиС рече дека се смета себеси за победник на изборите и дека треба да биде првиот што ќе добие мандат да формира кабинет.

Дуда, кој е сојузник на ПиС, прецизираше дека има „два силни кандидати“ и „нова ситуација“ која бара дополнително разгледување.

Полскиот претседател истакна дека уставниот мандат на претходниот парламент истече на 12 ноември и дека не гледа причина да го скрати.

Поврзани објави

Постигнат коалициски договор за формирање влада на Шпанија

EUinfo

Локални избори во Белгија: Левицата води во Брисел и Валонија, десницата во Фландрија

EUinfo

Мецола: Европејците сакаат посилна, поправедна и подобра Европа за сите

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info