EU Info
Општество

Анкета: Младите во Европа се поподготвени за големи промени за да се спречи глобалното затоплување

Младите ширум Европа се поподготвени од постарите генерации да направат големи промени во животниот стил за да помогнат во борбата против климатските промени, но се помалку подготвени да преземат помали активности за да ја постигнат таа цел, покажуваат резултатите од анкета спроведена во седум земји.

Истражувањето покажало дека младите се подготвени да имаат помали семејства, да престанат да користат автомобили и, иако во помал број, да станат вегани за да придонесат кон целта за намалување на климатските промени, објави „Гардијан“.

Истовремено, истражувањето покажа дека младите не се подготвени да престанат со употреба на пластика за еднократна употреба, ниту да се посветат на одгледување неколку дрвја.

Анкетата на YouGov за Гардијан, исто така, покажа дека економскиот пад ги погодува надежите на младите луѓе за иднината, а повеќе од половина изјавиле дека се загрижени дека нема да можат да поседуваат дом во следната деценија.

Истражувањето, спроведено во август во Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Шведска, исто така, покажа дека големо малцинство од 18 до 24-годишните сметаат дека економските проблеми би можеле да ги одвратат од создавање семејство во истиот временски рок. На прашањето какви жртви би биле спремни да направат за да помогнат во борбата против глобалното затоплување, 28 отсто од 18-24-годишните и 30 отсто од 25-34-годишните одговориле дека би биле подготвени или веќе планираат да имаат помалку деца отколку што инаку би сакале. Кај постарите генерации на тоа прашање потврдно одговориле 19 отсто. Младите луѓе, исто така, се поподготвени да се откажат од своите автомобили 54 отсто од 18-24-годишните, во споредба со 45 отсто кај постарите од 65 години.

Поврзани објави

Состојка во бебешката пудра со можни канцерогени својства

EUinfo

Новогодишната елка поставена на централниот плоштад во Брисел

EUinfo

Данска може да смести 60 отсто од своето население во подземни бункери во случај на војна

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info