EU Info
Општество

Доноху: Потребна е решителна, постепена и реална фискална консолидација за зајакнување на издржливоста на економијата на Еврозоната

Издржливоста на економијата на Еврозоната во економски контекст и натаму е поголем предизвик и покрај што таа е поддржана од поволните услови на пазарот на трудот и добро спроведените реформи, но потребна е решителна, постепена и реална фискална консолидација за зајакнување на фискалната одржливост, продолжување на структурните реформи и заштита и зголемување на инвестициите за обезбедување одржлив раст, наведува првиот човек на Еврогрупата, Паскал Доноху во писмо испратено до претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел во пресрет на Самитот на Унијата закажан за утре и задутре.

Доноху во писмото информира за активностите на Еврогрупата преземени во последните месеци за унапредување на пазарот на капитал на ЕУ и за да се осигури дека европските пазари може да привлечат инвестиции од приватниот сектор, да се соочат со заедничките предизвици и да овозможат Унијата да покаже лидерство во зелените и дигиталните транзиции.

Тој, исто така, ја нагласува сегашната отпорност на банкарскиот сектор на ЕУ и покрај превирањата во глобалниот банкарски систем.

– Треба да продолжи работата за комплетирање на Банкарската унија, вклучително и завршување на преговорите за законодавниот пакет на Комисијата за Рамката за управување со кризи и осигурување на депозити во рамките на овој институционален циклус, како и за финализирање на реформата на Европскиот механизам за стабилност, додава Доноху во писмото.

Поврзани објави

Долговите растат: Франција на исто ниво со Грција и Италија

EUinfo

Раст на бројот на туристички легла во ЕУ

EUinfo

Инфлацијата во Германија во март е потврдена на 2,2 отсто, најниска во последните 3 години

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info