EU Info
Општество

Продолжува растот на цените на храната во ЕУ

По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.

Во септември 2023 година, цените на маслиновото масло, јајцата, путерот и компирот во ЕУ и натаму биле повисоки споредно со јануари 2021, но нивниот раст е со побавно темпо за разлика од претходните неколку месеци.

Така, во септември годинава просечната цена на маслиновото масло била за 75 отсто повисока споредено со јануари 2021 година, додека компирот во истиот период поскапел за 53 проценти.

Јајцата, пак, иако нивните цени забележаа одредено намалување во август и септември годинава, сепак се за 37 отсто поскапи во однос на јануари 2021 година. Цените на путерот пак во септември биле за 27 проценти повисоки отколку во јануари 2021 година, иако од ланскиот декември има тенденција на нивно постепено намалување.

Поврзани објави

Тему“ обвинет за кршење на законите на ЕУ за заштита на потрошувачите

EUinfo

Тинк-тенк извештај: ЕУ мора да го преиспита начинот на водење на надворешната политика

EUinfo

ЕК ги ревидираше упатствата за правата на патниците во воздушниот сообраќај

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info