EU Info
Регион

ЗЕЛС домаќин на 22. состанок на Заедничкиот консултативен комитет МК-ЕУ

Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС e домаќин на 22-от состанок на Заедничкиот консултативен комитет МК-ЕУ (ЗКК), претставуван преку европскиот Комитет на региони.

Како што е најавено, ќе се обратат претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Во рамки на првата тема „Случувања во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ ќе говорат Бен Нупнау, заменик- шеф на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Ана Маѓар, известувач за проширувањето на Комитетот на региони, како и други претставници од Комитетот на региони.

Втората тема на овој состанок е посветена на „Владеење на правото и улогата на локалните заедници во борбата против говорот на омраза, злосторствата од омраза, лажните вести и странското влијание“.

Заедничкиот консултативен комитет претставуван преку европскиот Комитет на региони го сочинуваат вкупно 22 делегати, односно по 11 делегати од двете страни, при што се избираат и нивни заменици, сите од редовите на градоначалници и советници.

Со ова тело, кое одржува најмногу два состанока во текот на една година, од кои едниот во Брисел, а другиот во Скопје, заседаваат двајца копретседавачи.

Актуелен копретседавач од нашата земја е Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, а од страна на Комитетот на регионите е Јасна Габриќ, член на Советот на Општина Трбовље (Република Словенија).

– ЗКК е воспоставен уште во 2008 година, со цел да ја подготвува основата за проширување на ЕУ преку унапредување на политичкиот дијалог и соработка меѓу локалните и регионалните власти, наведува ЗЕЛС.

Поврзани објави

Самит на Западен Балкан во Тирана

EUinfo

Министерски форум ЕУ-Западен Балкан

EUinfo

Макрон: На Србија местото и е во ЕУ (ДПЛ)

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info