EU Info
Uncategorized

ЕК побара информации од „АлиЕкспрес“ за интернет продажбите на лажни лекови

Европската комисија достави официјално барање до „АлиЕкспрес“ за дополнителни информации за мерките што ги презела компанијата за усогласување со обврските од Законот за дигитални услуги (ДСА) поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите, посебно во врска со продажбата на лажни лекови преку интернет.

– Законот за дигитални услуги не е само за говорот на омраза, дезинформациите и кибер малтретирањето, туку исто така треба да обезбеди и отстранување на нелегални или небезбедни производи што се продаваат во ЕУ преку платформи за е-трговија, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон во врска со барањето упатено до „АлиЕкспрес“.

Според него иницијативата на ЕК е покрената по информациите за зголемениот број на лажни и потенцијално опасни по живот лекови и фармацевтски производи што се продаваат преку интернет.

„АлиЕкспрес“ има рок за доставување на бараните информации до Европската комисија до 27 ноември, по што врз основа на анализата на добиените одговори, таа ќе ги процени следните чекори, меѓу кои се и можноста за покренување официјална постапка против интернет платформата за непочитување на одредбите на ДСА. Доколку, пак, процени дека добиените информации по барањето се неточни, нецелосни или погрешни, ЕК може веднаш да и изрече казна на платформата.

Согласно, Законот за дигитални услуги на ЕУ, што стапи во сила кон крајот на август годинава, „АлиЕкспрес“ и 18 други социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за интернет трговија беа прогласени за „многу големи онлајн платформи“, со што тие се обврзани да се придржуваат кон целиот сет на одредби од ДСА, вклучително и за проценки и за ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржина или негативни последици врз основните права.

Пред „АлиЕкспрес“ барања од ЕК за дополнителни информации за усогласеност со ДСА добија и Икс, Мета и ТикТок.

Поврзани објави

Пад на вредноста на швајцарскиот франк поради ненадејната најава за заминување на претседателот на Швајцарската централна банка

EUinfo

ЕУ воведе нови правила за ограничување на емисиите на штетни гасови од возилата

EUinfo

Седум големи онлајн платформи до ЕК ги доставија првите извештаи за транспарентност

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info