EU Info
Политика

Тужба против Белгија поради непочитување на одредби од Договорот за слободно движење на работници

Европската комисија денеска донесе одлука да ја тужи Белгија пред Судот за правдата на Европската Унија поради непочитување на одредбите од Договорот за слободно движење на работниците поврзани со оданочувањето на нерезидентите со скромни приходи.

Врз основа на претходна тужба на Еврокомисијата против Белгија, Судот на правдата на 10 март 2022 година утврди дека белгиските власти го прекршиле Договорот за слободно движење на работниците, со тоа што одбиле да ги ослободат од оданочување оние даночни обврзници-нерезиденти кои помалку од 75 проценти од својот вкупен приход го заработуваат во Белгија или пак немаат значителен приход во државата во која живеат.

Како реакција на пресудата од 2022 година, Белгија го прошири опсег на даночно ослободување, но сепак, според ЕК, со тоа не прекина во целост да го прекршува Договорот.

При скрининг за проверка на усогласеноста на законодавствата на земјите членки со регулативите на ЕУ, Еврокомисијата утврди дека Белгија ги крши одредбите од Договорот за слободно движење на работниците, за што упати формално извезување до белгиските власти во мај 2016 година.

Оттогаш, според ЕК и покрај нејзиното укажување и судската пресуда, Белгија и натаму останува неусогласена со европската регулатива за ова прашање, како единствена меѓу членките на ЕУ.

Откако последното формално известување испратено во јули 2023 за усогласување на белгиското законодавство со одредбите на вроди со плод, Еврокомисијата денеска одлучи одново да ја тужи Белгија пред Судот за правдата, со барање да и бидат изречени финансиски санкции за неуспехот да усвои национални законски прописи во согласност со законодавството на ЕУ.

Поврзани објави

Мелони во Пекинг потпиша тригодишен акциски план за соработка меѓу Кина и Италија

EUinfo

Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник

EUinfo

Европратениците ќе ја тужат Европската комисија поради одмрзнување на фондовите за Унгарија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info