EU Info
Општество

Полските земјоделци го завршуваат протестот на границата со Украина

Полските земјоделци од утре ќе го завршат протестот на граничниот премин Медика со Украина, но возачите на камиони ќе ги продолжат блокадите на три други премини за Божик и ќе дозволат уште помалку камиони од порано да ја преминат границата.

Полските возачи блокираа неколку премини со Украина од 6 ноември, барајќи од Европската унија да го врати системот според кој на украинските компании им требаат дозволи за да работат во Унијата, а истото важи и за европските возачи на камиони кои сакаат да влезат во Украина.

Подоцна им се придружија и земјоделците кои побараа од Владата субвенции за пченка и да нема зголемување на даноците.

Роман Кондров, еден од водачите на земјоделците кои протестираат, по разговорот со министерот за земјоделство Чеслав Шекерски изјави дека протестот на Медика ќе биде прекинат од недела наутро до 2 или 3 јануари 2024 година.

Сепак, возачите на камиони рекоа дека ќе останат на границата за време на Божик и ќе пуштаат само еден комерцијален камион на секои три часа, наместо три на секој час.

Поврзани објави

Нова директива: Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови

EUinfo

Илјадници германски работници стапија во штрајк барајќи зголемување на платите за седум отсто

EUinfo

Вработените во големите градови во Германија се враќаат во канцелариите

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info