EU Info
Општество

До крајот на 2024 година во ЕУ ќе почне продажба само на универзални полначи за телефони

До крајот на 2024 година, сите мобилни телефони, дигитални камери, рачни конзоли за видео игри, преносни звучници, е-читачи, тастатури, глувчиња, преносни системи за навигација и слушалки што се продаваат во ЕУ ќе мора да имаат универзален USB приклучок за полнење, од типот Ц.

Од пролетта 2026 година ова ќе важи и за лаптопите, се вели во соопштението на словенечкото Министерство за економија, туризам и спорт.

Дополнително, полначите ќе можат да се продаваат одделно од електронските уреди, кои ќе бидат означени со пиктограм, врз основа на кој потрошувачот ќе може да одлучи дали ќе купи нов уред со или без полнач.

Се воведува и ознака со спецификација на капацитетот за полнење, со податоци за минималната и максималната моќност потребна за ефикасно полнење на електронските уреди.

Новото законодавство е дел од пошироките напори на ЕУ за намалување на е-отпадот и охрабрување за потрошувачите да донесуваат поодржливи одлуки, а новите правила ќе важат за производите што се пласираат на пазарот по датумот на почетокот на употребата, односно по 28 декември 2024 година или по 28 април 2026 година за лаптопи.

Поврзани објави

Усвоен новиот Европски закон за слобода на медиумите

EUinfo

ЕК ја одобри третата подобрена вакцина против Ковид

EUinfo

Пад на увозот на енергенси во ЕУ на годишно ниво

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info