EU Info
Општество

Белгија се подготвува за температури под нулата

Почнувајќи од денеска, па во текот на следната недела Белгија ќе биде зафатена од студен бран со температури под нулата.

Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт, Белгија ќе биде зафатена со најстуденото време од февруари 2021 година, при што температури ќе се движат од минус 5 до нула степени Целзиусови.

Ваквото време е резултат на т.н. ефект „Москва-Париз“, предизвикан од комбинација на зоната под висок притисок над Велија Британија и Ирска и студените ветрови од реонот на Скандинавија, каде температурите изминативе денови се спуштија од -40 до -20 степени Целзиусови.

Ветерот од скандинавскиот региони ќе резултира со студен бран, кој најмногу ќе ги погоди Белгија, Холандија и северните делови на Франција, при што се очекува претежно сончево време со ниски температури и минимални врнежи.

Белгија веќе беше зафатена од невреме од почетокот годинава, проследено со поројни дождови и силен северен ветер, што предизвика поплави и оштетувања во неколку реони на земјата. Областа на северниот белгиски град Антверпен, пак, во средата ја погоди торнадо, при што беа нанесени значителни материјални штети на над 40 домови.

Поврзани објави

Евростат: Во ЕУ 20 милиони деца во опасност од сиромаштија

EUinfo

Германската економија годинава ќе има раст од само 0,1 отсто

EUinfo

Полската тајна служба спречи саботажа на водоснабдувањето во еден од поголемите градови

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info