EU Info
Политика

Официјална инаугурација на белгиското претседателство со ЕУ

Со средби на претставници на Европската комисија и на белгиската Влада попладнево во Брисел ќе се одржи официјална инаугурација на претседавањето на Белгија со Советот на Европската Унија.

Како што соопшти Европската комисија, еврокомесарите со ресорните белгиски министри прво ќе разговараат за приоритетите на Белгија во претседавањето со ЕУ, за Стратешката агенда на Унијата, како и за работната програма на Комисијата, по што ќе се одржи пленарен состанок со кој ќе претседаваат претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и на белгискиот премиер Александер де Кро.

Инаугурацијата ќе заврши со официјалното отворање на Палатата на фини уметности во Брисел, при што Фон дер Лајен ќе одржи краток говор во спомен на неодамна починатиот поранешен претседател на Европската комисија, Жак Делор, по што ќе се одржи прием во организација на белгискиот крал Филип и кралицата Матилда.

Поврзани објави

Спроведувањето на европската агенда и соработката меѓу земјите-членки, главни цели на белгиското претседателство со ЕУ

EUinfo

Реформа на ЕУ за исполнување на препораките на граѓаните

EUinfo

Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info