EU Info
Политика

Заедничка изјава на Борел и Шефчович по повод 30-годишнината на Европската економска област

Европската Унија заедно со Исланд, Лихтенштајн и Норвешка во изминатите 30 години континуирано работеше на градење подобра Европа во корист на граѓаните и бизнисите и гледајќи наназад можеме да бидеме горди на она што го постигнавме, се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и потпретседателот на Еврокомисијата за Европскиот зелен договор и за меѓуинституционални односи Марош Шефчович по повод 30-годишнината од стапувањето во сила на Договорот за формирање на Европската економска област (ЕЕА).

– Европската економска област е единствена рамка која опфаќа 30 држави и половина милијарда луѓе на најголемиот внатрешен пазар во светот. Таа е изградена врз заеднички вредности и принципи и претставува фактор на политичка и економска стабилност, како и просперитет и безбедност на европскиот континент, наведуваат Борел и Шефчович во изјавата.

Тие потсетуваат дека ЕЕА ги обединува земјите членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка во заеднички внатрешен пазар кој обезбедува слободен проток на лица, стоки, услуги и капитал и обезбедува еднакви услови преку примена на хомогени правила и придружни политики во областа на конкурентноста, животната средина, климатските активности и социјалната политика. Според нив, ЕЕА, исто така, овозможува и соработка во истражувањето, технолошкиот развој, заштитата на животната средина, културата, образованието, здравството и цивилната заштита, со широко учество на трите земји што не се членки на ЕУ во програмите на Унијата.

– Нашите достигнувања се резултат на заедничка визија, силна посветеност и меѓусебно почитување. ЕЕА е наследство за идните генерации. Во сегашниот геополитички контекст, Договорот за ЕЕА е модел на соработка меѓу блиски партнери. Со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме нашите односи со Исланд, Лихтенштајн и Норвешка во следните 30 години, а и потоа, додаваат Борел и Шефчович.

Поврзани објави

Советот на ЕУ ја утврди листата на кандидати за членови на Европската комисија

EUinfo

ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат

EUinfo

Северна Македонија дел од новиот инструмент на ЕУ за зајакнување на цивилната заштита во Европа

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info