EU Info
Општество

Европол: Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години

Европол забележува зголемен успех на истрагите во борбата против меѓународната трговија со дрога, со запленети над 300 тони кокаин само во текот на минатата година. -Европол никогаш немал толку добар увид врз шверцот со дрога како минатата година, рече Де Бол. „Тоа се однесува и на меѓународните дистрибутивни канали и на домашната продажба“, додаде таа.

Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години поради растечкото производство во Јужна Америка, изјави извршната директорка на Европската полициска служба (Европол), Кетрин де Бол, за ДПА.

-Не можеме целосно да го спречиме бидејќи побарувачката е превисока, додаде таа.

Истовремено, Европол забележува зголемен успех на истрагите во борбата против меѓународната трговија со дрога, со запленети над 300 тони кокаин само во текот на минатата година.

-Европол никогаш немал толку добар увид врз шверцот со дрога како минатата година, рече Де Бол. „Тоа се однесува и на меѓународните дистрибутивни канали и на домашната продажба“, додаде таа.

Поголемиот дел од кокаинот се шверцува од Јужна Америка во Европа по морски пат и влегува во ЕУ главно преку пристаништата Антверпен и Ротердам. Цариниците се почесто пронаоѓаат големи количества дрога скриени во бродски контејнери.

ДПА потсетува дека во Ротердам, во август, беше запленето најголемото количество дрога досега – во контејнер со банани беа пронајдени околу 8.000 килограми кокаин, вреден на црниот пазар околу 600 милиони евра.

Европол верува дека запленетите пратки најверојатно се само мал дел од кокаинот што се шверцува.

-Но, тоа почнува да им нанесува штети на бандите, истакна Де Бол.

„Се почесто тие се обидуваат да си го повратат запленетиот кокаин. А во меѓувреме, тие дури ги опремуваат пратките со уреди за следење за да можат да ја знаат нивната точна локација“, додаде таа.

Поврзани објави

Потребен е инклузивен процес при планирањето и спроведувањето на претпристапните фондови

EUinfo

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра

EUinfo

„Мета“ предлага месечна претплата за европските корисници на Фејсбук и Инстаграм, доколку не сакаат реклами

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info