EU Info
Општество

Стапката на невработеност во Германија во декември се зголеми на 5,9 отсто

Невработеноста во Германија се зголеми на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година, објави денеска германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг.

Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овој пат за 5.000, на вкупно 2,706 милиони, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20.000 во декември.

На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 186.000.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

„Пазарот на трудот продолжува добро да се држи со оглед на нивото на оптоварување и неизвесност“, коментира претседателката на Федералната канцеларија за труд, Андреа Налес.

Поврзани објави

Хуманитарна донација од Тим Европа и меѓународни партнери

EUinfo

Еврокомисијата најави план за воведување европска диплома

EUinfo

Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info