EU Info
Политика

Стапија во сила нови правила за зајакнување на кибер безбедноста на институциите на ЕУ

Во ЕУ стапи во сила нова Регулатива за кибер безбедност со која се утврдуваат мерки за високо ниво на заедничка заштита од хакерски напади на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата.

Регулативата утврдува мерки за воспоставување внатрешна рамка за управување со ризик, раководење и контрола на кибер безбедноста за секој ентитет на Унијата. За таа цел се формира нов Меѓуинституционален одбор за кибер безбедност (ИИЦБ) со задача за следење на состојбите и за поддршка во имплементација на мерките од страна на институциите на Унијата.

Дополнително со Регулативата досегашниот Тим за одговор на компјутерски итни случаи на институциите, телата, канцелариите и агенциите на ЕУ (ЦЕРТ-ЕУ) се преименува во Служба за кибер безбедност на институциите, телата, канцелариите и агенциите на ЕУ, но ја задржува кратенката ЦЕРТ-ЕУ.

Со Регулативата новиот ЦЕРТ-ЕУ добива дополнителни надлежности како разузнавачки центар за откривање на закани, размена на информации и одговор на инциденти, со улога на централно советодавно тело и давател на услуги.

Според еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, Регулативата ја зајакнува кибер безбедноста на институциите на Унијата и ја усогласува администрацијата на ЕУ со безбедносните стандарди утврдени со Директивата за високи заеднички нивоа на кибер безбедност (НИС 2).

Еврокомесарот за буџет Јоханес Хан смета дека отворањето на границите кон Европската унија е маневар на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за свртување на внимението од внатрешно-полити

– Како што кибер заканите стануваат се попродорни, а кибер напаѓачите се пософистицирани, најважно станува гарантирањето на високо заедничко ниво на кибер безбедност на институциите на Унијата за да се обезбеди отворена, ефикасна, безбедна и еластична јавната администрација на ЕУ, истакна Хан.

Тој нагласи дека брзото усвојување на оваа Регулатива е доказ за посветеноста на ЕУ кон остварувањето на целите поврзани со кибер безбедноста.

– Сега ги повикувам институциите брзо да се вклучат и во преговорите за паралелната регулатива за безбедност на информациите, додаде Хан.

Поврзани објави

ЕП го одобри воведувањето на Системот ЕЕС на надворешните граници на ЕУ

EUinfo

Шпанија не се согласува за отворање на центри за азил надвор од ЕУ

EUinfo

Евростат: Инфлацијата во октомври падна на 2,9%, најниска од јули 2021 година

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info