EU Info
Преговори

Сијарто: За време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ

За време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската унија досега“, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“, објави МТИ.

„Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји вештачки да се врзуваат со други земји. Нема да дозволиме пристапниот процес на која било земја што е поблиску до влез да зависи од земја која заостанува (во реформите)“, рече Сијарто во Брисел.

Тој додаде дека за време на претседавањето со ЕУ, Унгарија ќе и помогне на Србија да отвори нови поглавја за пристап и да затвори повеќе поглавја, како и Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија да започнат важни преговори.

„ЕУ треба да има нови членки кои можат да донесат свежина, нов моментум, како што се земјите од Западен Балкан, Грузија или Молдавија“, рече Сијарто.

Унгарија ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година.

Поврзани објави

Абдиу-Халили: Со имплементација на стандардите на ЕУ ќе имаме конкурентно земјоделство на европскиот пазар

EUinfo

ЕП во извештајот за напредокот на Македонија ќе ги признае македонскиот јазик и идентитет

EUinfo

Самит ЕУ – Западен Балкан: Максимално да го искористиме новиот моментум во проширувањето

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...