EU Info
Политика

Фидес го кандидираше претседателот на Уставниот суд за нов претседател на Унгарија

Унгарската владејачка партија Фидес го предложи претседателот на Уставниот суд Тамаш Суљок за претседател на државата, по оставката на Каталин Новак, соопшти денеска владиниот портпарол.

Во 2014 година Суљок беше избран за член на Уставниот суд, а следната година стана заменик претседател. Во ноември 2016 година е именуван за претседател на Уставниот суд.

На 10 февруари, Каталин Новак поднесе оставка од функцијата претседател, по негодувањето во јавноста бидејќи помилува маж осуден за прикривање злосторства извршени од сексуален насилник во дом за деца.

Поврзани објави

Проширувањето е инструмент за геополитичко зајакнување на ЕУ

EUinfo

ЕУ постигна договор за закон со кој ќе ја зајакне слободата на медиумите и ќе ги заштити новинарите

EUinfo

ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info