EU Info
Политика

Унгарскиот парламент го избра Тамаш Суљок за нов претседател на државата

Унгарскиот парламент го избра Тамаш Суљок, претседател на Уставниот суд, за нов претседател на државата. Тој ќе врши претежно церемонијална улога и ќе ја наследи Каталин Новак, која неочекувано поднесе оставка на почетокот на овој месец.

Се очекува Суљок да ја преземе функцијата на 5 март.

Унгарскиот парламент денеска едногласно ја прифати оставката на претседателката Каталин Новак. Пратениците одлуката ја донесоа со 196 гласа.

Новак ја поднесе оставката до Парламентот на 11 февруари, а според Законот за правен статус на претседателот на Републиката, мандатот на шефот на државата завршува на денот кога Собранието ќе се изјасни дека ја прифаќа оставката.

Поврзани објави

Виза е, но не е виза: Што е ЕТИАС кој ќе стартува набрзо?

EUinfo

ЕЦБ предупредува: Стареењето на населението го менува европскиот пазар на труд, вештачката интелигенција е можно решение

EUinfo

Нападот врз Израел, случувањата околу Украина и Самитот на ЕУ главни теми на пленарната седница на ЕП

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...