EU Info
Политика

Унијата не треба да го одложува приемот на нови членки

Извештајот на Европскиот парламент за проширувањето на ЕУ и реформите потребни за да се направи блокот способен да прифати нови членки укажува дека пристапот во Унијата секогаш мора да се заснова на заслуги, истовремено повикувајќи ги европските институции и членките на ЕУ да се реформираат и обезбедат дека отсуството на нивните реформи не го одложува приемот на нови членки.

Во однос на Извештајот за продлабочување на интеграцијата во ЕУ со оглед на идното проширување, за штој ќе се расправа вечерва, а ќе се гласа утре, се нагласува дека секоја земја на патот кон ЕУ треба да се оценува врз основа на исполнувањето на критериумите од Копенхаген.

Во извештајот за идното проширување на Унијата, европратениците ги поздравуваат аспирациите на бројни европски земји и нивните граѓани за пристапување во ЕУ, препознавајќи ја важноста на европската интеграција на клучните партнери (Западен Балкан, Украина, Молдавија, Грузија), како и важноста на регионалната соработка во рамките на Источното партнерство и Западен Балкан.

Се нагласува дека не може да има пречки кога се во прашање вредностите и основните принципи на ЕУ, како и дека владеењето на правото, демократските реформи, слободата на медиумите и почитувањето на човековите права треба да бидат на врвот во процесот на пристапување во ЕУ.

Исто така се додава дека борбата против корупцијата и зајакнувањето на граѓанското општество се клучни предуслови за напредок на патот кон членство во ЕУ.

Во исто време, земјите од проширувањето се охрабруваат да продолжат решително да ги спроведуваат потребните реформи и да постигнат опиплив и неповратен напредок, почнувајќи од основите во процесот на пристапување.

Поврзани објави

Постигнат договор за германскиот буџет за 2025 година

EUinfo

Европските лидери расправаат за изборот на носителите на врвните функции во ЕУ

EUinfo

Данска ја продолжи граничната контрола со Германија за уште шест месеци

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info