EU Info
Општество

Уставниот суд на Словачка стопира дел од измените во Кривичниот закон

Уставниот суд на Словачка запре некои од големите измените во Кривичниот законик усвоени од Владата за да се намалат казните за корупција и измами.

Словачкиот Уставен суд соопшти и дека ги отфрлил другите приговори на словачката претседателка Зузана Чапутова и опозицијата. Тоа значи дека ќе се реализира планот за затворање на Специјализираното обвинителство кое се занимавало со тешки кривични дела, вклучително и корупција на високо ниво.

Измените изгласани од коалицијата на премиерот Роберт Фицо, ја вознемирија опозицијата, а Европската комисија и Европското јавно обвинителство изразија загриженост.

Критиките се фокусираа на недостатокот на широка дебата, значителното намалување на казните за финансиски криминал и намалување на застареноста што трајно ќе стави крај на тековните истраги, дури и ако законот е во сила само еден ден.

Уставниот суд не ја поништи планираната реформа за затворање на Специјализираното обвинителство, кое поднесе кривични предмети против високи државни службеници и политичари од партијата Насока-социјална демократија на премиерот Фицо.

Таквата одлука значи дека на 15 март неодобрените делови од реформата нема да стапат во сила, бидејќи ќе чекаат натамошно разгледување во Уставниот суд, кое може да трае со месеци. Во таков случај, Уставниот суд постапува експедитивно за да може да донесе одлука пред да стапи во сила изменетиот закон.

Поврзани објави

Европол заплени 22.000 тони фалсификувана храна

EUinfo

Евростат: Речиси 10 отсто од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат пристоен оброк секој втор ден

EUinfo

Италија отвори истрага против дигиталната платформа Букинг.ком

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info