EU Info
Политика

Ковеси предупреди на влијанието на криминалните организации во политиката

Главниот обвинител на Европската унија, Лаура Кодруца Ковеси, предупреди криминалните организации да имаат преголемо влијание врз демократските структури.

-Во нашите постапки гледаме бизнисмени, политичари или државни службеници кои ги штитат криминалните организации, рече таа за германски медиуми.

Европското јавно обвинителство е независен и децентрализиран орган со овластување да гони прекршоци против буџетот на ЕУ пред националните судови. Неговиот фокус е на кривични дела кои се користат за погрешно добивање субвенции или договори од ЕУ, како и царински прекршоци и шеми за измама на данокот на додадена вредност (ДДВ).

Ковеси верува дека степенот на измама со фондовите на ЕУ е потценет. Според проценките на полицискиот орган на Европол, до денес се конфискувани само четири отсто од криминално стекнатите средства во Европа.

Таа, исто така, рече дека Германија е привлечна за измамниците.

-Тоа е голема економија, има многу компании, лесно е да се сокријат работите. Сепак, бројот на случаи покажува и дека има добра стапка на откривање. Ако го имавме истото ниво на откривање на ДДВ или царинска измама на друго место како во Германија, ситуацијата ќе беше подобра во целина, рече таа.

Поврзани објави

Европарламентот ќе ги соопшти добитниците на наградата „Сахаров“ за 2023 година

EUinfo

Пуџдемон најави дека ќе се кандидира на каталонските избори во мај

EUinfo

Започна состанокот на Берлинскиот процес

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...