EU Info
Политика

Александар Стуб положи заклетва како претседател на Финска

Александар Стуб денеска ја презеде функцијата претседател на Финска.

За време на предизборната кампања за гласањето на 11 февруари, Стуб рече дека не гледа ограничувања за учеството на земјата во активностите на НАТО и дека по децении неутралност, неговата земја е подготвена да дозволи нуклеарно оружје преку својата територија, макар и без да биде распоредено таму.

„Сега сме во нова ера. Како резултат на нашата воена посветеност и нашето членство во НАТО, го направивме последниот чекор кон приклучување кон вредносниот систем на Запад, на кој нашата земја му припаѓаше по дух во текот на целиот период на нејзината независност“, рече Стуб во својот говор пред финскиот Парламент за време на неговата церемонија на положување заклетва како претседател.

Тој ги посочи демократијата, владеењето на правото и човековите права како главни вредности на кои ќе се заснова финската надворешна политика за време на неговиот мандат.

Новиот претседател го наследува Саули Нинисто, кој имаше два шестгодишни мандати.

Поврзани објави

ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат

EUinfo

ЕК го објави Извештајот за владеењето на правото во ЕУ, годинава првпат опфатени и земјите од процесот на проширување

EUinfo

Нема француско-германски судир, тврди шефот на француската дипломатија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info