EU Info
Општество

Литванија затвори уште два гранични премина со Белорусија

Литванија денеска затвори уште две гранични точки со Белорусија поради закани по националната безбедност.

– Презедовме мерки за ограничување на движењето на луѓе, стоки и возила, четири од шесте гранични премини со Белорусија се веќе затворени, изјави министерката за внатрешни работи Агне Билотаите.

Литванија минатата година затвори два премини на границата со Белорусија.

– Соседството со Русија, која почна воена агресија против Украина и со нејзиниот сојузник Белорусија, чиј недемократски режим ги користи мигрантите како средство за политички притисок врз Литванија, не обврзува да преземеме дополнителни мерки на полето на безбедноста. Разузнавачките служби на Белорусија и на Русија ја зголемуваат својата активност на територијата на Литванија, посочи Билотаите.

Два гранични премини со Белорусија остануваат отворени, но на нив ќе бидат воведени нови ограничувања за пешаците и велосипедистите.

Според податоците на Литванската гранична служба, речиси 390.000 белоруски државјани ја преминале белоруско-литванската граница минатата година, што е за околу 50 проценти во споредба со 2022 година. Според Граничната служба, повеќето од нив имале патни документи на ЕУ издадени од Полска.

Односите меѓу Вилнус и Минск се влошија по претседателските избори во Белорусија во 2020 година, на кои претседателот Александар Лукашенко доби нов мандат. По изборите, Литванија и даде азил на белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја, која беше ривалка на Лукашенко на изборите, како и на други опозиционери и десетици илјади белоруски граѓани.

Литванија, заедно со Полска и Латвија во 2021 година се соочија бран илегални имигранти од Блискиот Исток и од Африка. Западот ги обвини Минск и Москва дека го организираа бранот имигранти.

Поврзани објави

Евростат: Мажите со подолг очекуван работен век од жените

EUinfo

Раст на извозот на храна од ЕУ во првата половина од 2024 за 116,4 милијарди евра

EUinfo

Усвоен новиот Европски закон за слобода на медиумите

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info