EU Info
Општество

Во Франција, од 1 март во домовите за стари лица дозволени и миленици

Од 1 март, на домашните миленици како кучиња, мачки, риби и мали птици им е дозволено да престојуваат во домовите за стари лица во Франција, но под одредени услови, бидејќи за нив ќе се грижат нивните сопственици, не персоналот на домовите.

Француската влада вчера даде зелено светло за прием на домашни миленици во домовите за стари лица.

Ова особено овозможува „луѓето во домовите да не бидат изолирани и да имаат континуитет во однос на она што го имале во досегашниот живот“, соопшти Националната асоцијација на институции и домови за стари лица.

– Тоа е навистина мерка која е исклучително важна, соопшти организацијата и додава дека милениците имаат благотворно дејство во борбата против стресот и изолацијата.

Сепак, домашните миленици ќе им бидат дозволени само на постари лица кои се самостојни и можат сами да се грижат за своите миленици.

Нема да бидат дозволени „невообичаени“ миленичиња како змии или животни кои можат да бидат агресивни.

Домовите за стари лица ќе мора да ги приспособат и уредат своите простори, како и да воведат внатрешни прописи.

Поврзани објави

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа

EUinfo

Полска планира во 2025 година да лансира воени сателити за надзор

EUinfo

Џорџа Мелони бара отштета од 100.000 евра поради нејзините лажни порно фотографии

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info