EU Info
Општество

ЕЕА: Европа не е подготвена за огромните и се побројни климатски ризици со кои се соочува

Европа не е подготвена за огромните и се побројни климатски ризици со кои се соочува, велат од Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА).

Во извештајот, објавен од „Гардијан“, се наведува дека шумските пожари зафаќаат домови во Европа, а хаотичните временски услови доведуваат до оптоварување на јавните финансии. ЕЕА, исто така, пишува дека е потребно дополнително дејствување за решавање на половина од 36 значајни климатски ризици со потенцијално тешки последици.

„Нашата нова анализа покажува дека Европа се соочува со итни климатски ризици кои растат побрзо од нашата подготвеност“, рече извршната директорка на ЕЕА, Леена Ила Мононен.

Во извештајот е разгледано колку се сериозни климатските закани и колку добро Европа е подготвена да се справи со нив.

Според таа анализа, најитните ризици се оние кои стануваат се полоши кога загадувањето со фосилни горива ја загрева планетата, кога има топлотни удари, поплави.

Поврзани објави

ЕУ ја одбележува Европската ноќ на истражувачите

EUinfo

Избрани над 36.000 добитници на бесплатни билети за патување преку „Истражи ја ЕУ“

EUinfo

ЕУ иницира забрана за социјалните медиуми за помлади од 15 години

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...