EU Info
Политика

Пуџдемон најави дека ќе се кандидира на каталонските избори во мај

Лидерот на каталонските сепаратисти Карлес Пуџдемон, кој повеќе од шест години е во егзил во Белгија за да ја избегне шпанската правда, најави дека ќе се кандидира на регионалните избори во Каталонија на 12 мај.

Тој го објави ова од француска територија во говор на каталонски пред публика во малиот град Елне, во јужна Франција.

„Одлучив да се кандидирам на претстојните избори за каталонскиот парламент“, објави тој од говорницата со назнака „Претседател Карлес Пуџдемон“. Зад него беа знамињата на ЕУ и на Каталонија.

Ова ќе биде трет пат Пуџдемон да се кандидира на каталонските регионални избори откако отиде во егзил во 2017 година. Тој не успеа да го заземе своето место поради потерницата што му се закануваше по неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Поврзани објави

Белгискиот крал ги почнува разговорите со највисоките партиски лидери за формирање нова влада

EUinfo

Заседанија на советите за надворешни работи и за земјоделство на ЕУ

EUinfo

Мете Фредериксен – од евроскептик до убедена Европејка

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info