EU Info
Општество

Берлин и Париз постигнаа договор за производство на „тенкот на иднината“

Министрите за одбрана на Германија и Франција денеска објавија договор за распределба на работата меѓу производителите на заедничкиот проект „тенк на иднината“, што досега беше поткопано со несогласувања.

„Се договоривме за распределба на сите задачи за овој голем проект“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на прес-конференцијата со неговиот француски колега Себастиен Лекорну.

„Имаме договор и воодушевени сме од него“, рече Лекорну, нагласувајќи ја важноста на „програмата за структурирање на копнените армии на двете земји за Европа и НАТО“.

Програмата MGCS (Main Land Combat System) почна во 2017 година, кога беше и за идниот борбен авион (Future Combat Air System – FCAS), што исто така е проект на соработка меѓу двете земји.

Целта на MGCS е да ги замени француските тенкови „Леклерк“ и германските „Леопард 2“ од 2035 година со „генерациски скок во технологијата благодарение на нивото на иновација и поврзаност“, рече францускиот министер.

Поврзани објави

Германската економија годинава ќе има раст од само 0,1 отсто

EUinfo

Во Париз демонстрации за женски права

EUinfo

Истражувачката сторија за исчезнати деца мигранти во ЕУ добитник на Наградата „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...