EU Info
Политика

Жозе Педро Агиар-Бранко избран за претседател на Парламентот на Португалија

Пратеникот на Социјалдемократската партија (ПСД) Жозе Педро Агиар-Бранко е избран за претседател на португалското собрание.
По трите неуспешни обиди за избор на претседател, Социјалистичката партија (ПС) и ПСД, партиите со најмногу избрани пратеници на изборите одржани на 10 март, постигнаа договор за споделување на раководството на португалскиот парламент.
Денеска за време на четвртиот круг на гласање, Агиар-Бранко освои 160 гласа во парламентот со 230 места.
Правилникот на португалското собрание одредува дека претседателот на парламентот се избира на првата пленарна седница на законодавниот дом со апсолутно мнозинство.
Агиар-Бранко е адвокат и претходно беше министер за правда и министер за национална одбрана.

Поврзани објави

Рејндерс, Берсет и Сар кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа

EUinfo

Француски медиуми за Шарл Мишел: Лицето на ЕУ во сенка на Фон дер Лајен

EUinfo

Претставник на екстремната десница по првпат избран за претседател на австрискиот Парламент

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...