EU Info
Политика

Мецола од Љубљана: Си поставив задача да ја доближам ЕУ до младите и различните

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола ги повика Словенците да гласаат на европските избори во јуни и рече дека си поставила задача да го пукне таканаречениот „бриселски меур“ и да ја приближи Европската унија до младите и различните, јавија словенечките медиуми.

-Си поставив задача да го пукам бриселскиот меур. Сакам да ја доближам ЕУ до младите и различните. Не смееме да мислиме дека до тука сме дојдени случајно. Тука сме и поради Словенците кои излегоа на гласање, изјави Мецола пред словенечкиот Парламент.

Претседателката на ЕП е во официјална посета на Словенија во рамки на турнејата низ земјите членки на ЕУ пред изборите за Европскиот парламент во јуни. Таа се состана со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и премиерот Роберт Голоб.

Пирц Мусар рече дека јавното мислење во Словенија за ЕУ ​​е многу позитивно и луѓето ги поддржуваат европските теми како заедничката валута и единствениот пазар. Според неа, голем дел од Словенците сметаат дека европските избори ќе се одразат на нивниот живот и работа.

Голоб ги повика Словенците да гласаат на претстојните избори, бидејќи на нив „ќе одлучиме во каква Европа сакаме да живееме“.

-Дали сакаме да живееме во Европа на популизам, во Европа каде што ќе бидеме непријатели на странците, во Европа каде што ќе го отфрлиме владеењето на правото и каде што национализмот повторно ќе почне да цвета. Или сакаме да напредуваме по европскиот пат кој ја инспирираше Словенија пред 20 години кога решивме да влеземе во ЕУ. Ова е патот на владеењето на правото, патот на демократијата и отворените пријателства, истакна словенечкиот премиер.

Мецола истакна дека со оваа турнеја пред европските избори сака да ги покаже достигнувањата на ЕУ, како и што друго може да се направи и до каде може да оди Европската унија.

Поврзани објави

Европскиот парламент оди надесно: Десницата со значителни разултати на европските избори

EUinfo

Водечката партија на холандските предизборни анкети НСЦ против зајакната интеграција во ЕУ

EUinfo

Сто дена на новата Европска комисија

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info