EU Info
Политика

Советот на ЕУ повика на ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работа

Советот на ЕУ ги повика земјите членки на Унијата да ја ратификуваат Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работните места.

Во својот повик Советот наведува дека насилството и вознемирувањето на работните место е широко распространета и постојана појава низ целиот свет, при што според истражувањата повеќе од едно од пет лица доживеале физичко, психичко или сексуално насилство и вознемирување на работа, при што на овој ризик особено се изложени жените.

Конвенцијата на ИЛО е првиот меѓународен инструмент што поставува минимални стандарди за справување со вознемирувањето и насилството при работа и таа претставува обид за промоција пристојната работа за сите, здравјето и безбедноста при работа и родовата еднаквост, а треба да помогне и во борбата против дискриминацијата.

Советот ги повикува земјите членки пред се да ги ратификуваат деловите од Конвенцијата кои се однесуваат на подобрување на работната средина со цел заштита на здравјето и безбедноста на работниците и заштита на еднаквоста меѓу мажите и жените при вработувањето.

Меѓународната конференција на трудот ја усвои Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работите места во 2019 година.

Со Конвенцијата првпат во меѓународното право се признаваат правото на секого за работа без насилство и вознемирување, како и обврската за почитување, промовирање и остварување на ова право. Конвенцијата ја утврдува и првата меѓународна дефиниција за насилство и вознемирување на работните места.

Сите земји членки на ЕУ ги поддржаа целите на Конвенцијата, а на 12 овој месец Европскиот парламент са изјасни за нејзина ратификација.

Поврзани објави

Во Словачка се одржуваат претседателски избори

EUinfo

Дванаесет европратеници со писмо до Фон дер Лајен бараат оставка или разрашување на Вархеи

EUinfo

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info