EU Info
Општество

Белгиското претседателство со ЕУ подготвува закон за откривање и отстранување на онлајн материјали со сексуална злоупотреба на деца

Белгија, во својство на актуелен претседавач со ЕУ, подготви извештај со клучните детали за проценка на ризиците поврзани со сексуалната злоупотреба на деца, кој би требало да претставува основа за изработка на Предлог-закон за откривање и отстранување на онлајн материјали со вакви содржини.

Документот е веќе доставен до Работната група за спроведување на законот при Советот на ЕУ, во чија надлежност се законодавството и оперативните прашања поврзани со прекуграничната полициска соработка.

Во извештајот се наведени идеите на белгиското претседателство за изработката на законскиот текст, во кој фокус се става на Координативното тело за соработка меѓу земјите членки, категоризацијата на ризиците и издавањето наредби за откривање и отстранување на онлајн материјалите со сексуална злоупотреба на деца.

Координативното тело би било задолжено за проценување на ризиците, спроведување мерки за нивно ублажување и за координирање на напорите за откривање, известување и отстранување на содржините со сексуална злоупотреба на деца.

Документот исто така содржи и детали за можните критериуми и методологии за категоризација при практичната примена на ова законодавството, во кое сепак, според белгиското претседателство, ништо не треба да е во спротивност со основните човекови права.

Поврзани објави

ЕЦДЦ: Раст на сексуално преносливите инфекции во Европа

EUinfo

Состојка во бебешката пудра со можни канцерогени својства

EUinfo

ЕУ се подготвува за регулација на „никотинските торбички“

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info