EU Info
Политика

Еврокомесарите Валеан и Синкевичиус поднесоа оставки

Еврокомесарката за транспорт Адина-Јоана Валеан и еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Виргиниус Синкевичиус ја информираа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека решиле да поднесат оставки со цел да можат да ги преземат функциите на европратеници кои ги освоија на јунските избори за членови на Европскиот парламент.

Како што соопшти Европската комисија, оставката на Валеан стапува во сила денеска, а на Синкевичиус утре.

Со цел да се обезбеди континуитет на работата на Еврокомисијата, Фон дер Лајен времено им ги додели одговорностите за животна средина, океани и рибарство на извршниот потпретседател на ЕК за Европскиот зелен договор и за институционални реформи Марош Шефчович, а ресорот за транспорт на еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра.

Валеан беше избрана за европратеничка од листата на Националната либерална партија (ПЛН), членка на Европската народна партија (ЕПП), а Синкевичиус како кандидат на Сојузот на демокртаите „За Литванија“ (ДСВЛ), кој пак е дел од блокот на Зелените.

Поврзани објави

ЕУ ја одобри употребата на контроверзниот глифосат за уште 10 години

EUinfo

Советот на ЕУ ја утврди листата на кандидати за членови на Европската комисија

EUinfo

Еврокомисијата предложи мерки за намалување на загадувањето со микропластика

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info