EU Info
Политика

Советот на ЕУ ги усогласи препораките за земјите членки за следните пет години

Советот на ЕУ соопшти дека ги усогласил своите препораки специфични за секоја земја членка на Унијата за економските, социјалните, трудовите, структурните и буџетските политики за периодот од новиот мандат на европските институции во следните пет години.

Усвојувањето на препораките е дел од процесот што треба да им овозможува на земјите членки на ЕУ да ги координираат своите економски, фискални и политики за вработување.

Согласно новите правила на ЕУ, што се во сила од 30 април годинава, земјите членки треба да подготват среднорочни фискални структурни планови во кои ќе бидат утврдени нивните трошоци и приоритетни реформи и инвестиции.

Препораките даваат насоки за реформите и инвестициските обврски секоја земја членка и се повикуваат да ги вклучат во своите планови за фискално прилагодување за период од четири до седум години.

За овие препораки предвидено е да се расправа на заседанието на Европскиот совет во октомври. По ова Советот на ЕУ ќе може да продолжи со формално усвојување на препораките.

Поврзани објави

Фон дер Лајен: ЕУ и САД мора да ги заштитат демократиите и слободниот свет

EUinfo

Фон дер Лајен ги распредели првите ресори во новата Еврокомисија

EUinfo

Членките на ЕУ го усогласија ставот за измените на правилата за третман на отпадните води

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info