EU Info
Општество

Евростат: Во ЕУ 20 милиони деца во опасност од сиромаштија

Во 2023 година, речиси 20 милиони деца во ЕУ, или 24,8 отсто од децата биле во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, објави Евростат.

На ниво на поединечни земји, најголем удел на деца со ризик од сиромаштија и социјална исклученост во 2023 година е забележан во Романија (39,0 %), потоа во Шпанија (34,5%) и Бугарија (33,9%).

Спротивно на тоа, Словенија (10,7%), Финска (13,8%) и Холандија (14,3%) имаат најниско учество на деца во ризик од сиромаштија.

„Во 2023 година, 10,7 отсто од децата на возраст под 18 години во ЕУ, чии родители имаат високо ниво на образование, се или во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, во споредба со 61,8 отсто од децата чии родители имаат ниско ниво на образование“, соопшти Евростат.

Поврзани објави

Истражувачката сторија за исчезнати деца мигранти во ЕУ добитник на Наградата „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година

EUinfo

Скок на извозот на руски гас во Европа во првите четири месеци од 2025

EUinfo

ЕУ усвои Закон за подобра заштита на производите со географско потекло

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info