EU Info
Политика

Германската влада ги закажа следните парламентарни избори за 28 септември 2025 година

Германската влада одлучи следните парламентарни избори да се одржат на 28 септември 2025 година, јави ДПА.

Датумот за одржување на изборите треба да биде одобрен од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, но тоа претставува формалност.

Последните избори за Бундестагот се одржаа во 2021 година, кога Германската социјалдемократска партија на канцеларот Олаф Шолц освои најмногу гласови. Тој формираше коалициска влада со Унијата 90/Зелени и Слободната демократска партија.

Во текот на своето владеење, коалицијата на левиот центар, за која уште на почетокот се очекуваше да се соочи со тешкотии, загуби голем дел од своите поддржувачи и во моментов резултатите од анкетите и даваат одлучувачко водство на конзервативната опозиција.

Шолц денеска на прес-конференција соопшти дека има намера да се кандидира за втор канцеларски мандат.

Поврзани објави

Мете Фредериксен – од евроскептик до убедена Европејка

EUinfo

Скуг е новиот специјален претставник за човекови права на ЕУ

EUinfo

Орбан: Унгарија нема да прима мигранти без разлика на одлуките на Брисел

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info