EU Info
Политика

Фон дер Лајен: Земјоделството е еден од најважните сектори за Европа и затоа мора да ги заштитиме земјоделците

Едвај да има сектор поважен за нашиот континент од земјоделството, кое е од витално значење за нашето здравје и има стратешко значење за нашата економија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел посветена на Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството.

– Но, знаеме дека нашите земјоделци се соочуваат со многу и се поголеми предизвици, од многу тешката глобална конкуренција, до разорните ефекти од климатските промени, изјави Фон дер Лајен.

Претседателката на нагласи дека за ублажување на овие последици и предизвици, ЕУ направи важен напредок кон поголема одржливост, во чии рамки е и овој Стратешкиот дијалог во чии рамки се презентирани повеќе консензуални решенија.

– Но, сите знаеме дека мораме да направиме повеќе и ќе направиме повеќе – за да ги заштитиме нашите земјоделци и да го направиме земјоделско-прехранбениот систем поотпорен, поконкурентен, но што е најважно и поодржлив, истакна Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека меѓу приоритетите на новата Европска комисија ќе бидат обезбедување правични, доволни приходи и одржлив просперитет за земјоделците, поддршка на земјоделство што работи за и во интерес на природата и намалуваме бирократските процедури, пред се за малите и семејните фарми.

Поврзани објави

Обвинителството бара шест години затвор за италијанскиот вицепремиер Салвини

EUinfo

Европските лидери расправаат за изборот на носителите на врвните функции во ЕУ

EUinfo

Малтешкиот гасовод „ТрансГас“ вклучен на Листата на проекти од заеднички интерес на ЕК

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info