EU Info
Општество

ЕЦДЦ: Раст на сексуално преносливите инфекции во Европа

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) упати повик на преземање итни мерки за ограничување на ширењето на сексуално преносливите инфекции во Европската Унија и во Европската економска област, во услови на регистриран значителен раст на овие заболувања во текот на минатата година.

Според податоците на ЕЦДЦ, лани во земјите од ЕУ и ЕЕО се регистрирани 300.000 нови случаи на сексуално преносливи инфекции, при што процентот на случаи на гонореја е зголемен за 48 отсто, на сифилис за 34, а на кламидија за 16 проценти.

Групите со зголемен ризик за изложеност на сексуално преносливи инфекции вклучуваат млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години, мажи кои имаат хомосексуални односи и сексуални работници. Овие инфекции најчесто се пренесуваат преку практикување незаштитен сексуален однос, но и од бремена мајка на новороденче, како и при доење. Гонорејата, сифилисот и кламидијата се потенцијално излечиви со антибиотици и други третмани.

Како една од мерките за намалување на сексуално преносливите инфекции ЕЦДЦ предлага поинтензивна едукација за сексуално здравје и спроведување тестирања. ЕЦДЦ сугерира и за воведување сексуално образование и за достапност до здравствена заштита.

Меѓу позитивните примери за ограничување на ширењето на сексуално преносливите инфекции е посочена Франција каде кондомите се слободно достапни за младите до 26 години.

Центарот апелира до европските земји и да работат на прибирање повеќе податоци за недоволно проучените групи, како што се сексуалните работници, со цел да се изработат подобри превентивни стратегии.

– Недостигот на податоците ја ограничува можноста за целосно осознавање на степенот на ширење на сексуално преносливите инфекции и за утврдување на ранливоста кај одредени категории граѓани, се вели во извештајот на ЕЦДЦ објавен по повод Светскиот ден на сексуалното здравје – 4 септември.

Поврзани објави

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија

EUinfo

Французите сѐ помалку пијат вино

EUinfo

Вежба на ЕУ за дејствување во случај на голем кибернапад

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info