EU Info
Политика

Орбан: Мелони не е само колешка, таа е моја христијанска сестра

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека италијанскиот премиер Ѓорѓа Мелони е негова „христијанска сестра“ и дека културниот идентитет игра сè поважна улога во европската политика.
„Таа не е само (моја) колешка, таа е мојата христијанска сестра“, им рече Орбан на новинарите на маргините на економскиот форум ТЕХА во Чернобил, северна Италија, објави Ројтерс.

Споделувањето на културните корени претходно „не играше голема улога во европската политика, но сега се приближуваме кон нова ера“, додаде унгарскиот премиер.
Мелони и Орбан се согласуваат за низа прашања, вклучително и потребата од построги имиграциски политики и одбраната на традиционалните семејни вредности против она што тие го нарекуваат ЛГБТ лоби, соопшти агенцијата.
Орбан изјави и во Чернобил дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски е секако можна и неопходна, пренесе Анса.

Сепак, тој истакна дека „нема волја ниту од Киев, ниту од Москва за постигнување мир, бидејќи и двајцата се убедени дека времето ќе игра во нивна корист“.
„Мислам дека мировната мисија е неопходна“, подвлече тој повторно, потсетувајќи на неговите неодамнешни патувања во Москва и Пекинг кои не беа одобрени од ЕУ, нагласувајќи дека „има потреба од дијалог со Украина, но и со Русија“.

Според него, ако чекаме мировниот план да биде прифатлив за двете страни, никогаш нема да има мир, бидејќи првиот чекор не е мир, туку прекин на огнот.

„Во Европа има огромна литература за тоа како да се постигне мир и оваа богата литература е за дијалог, кој ако не се случи во вистинско време, ескалацијата расте и сè станува потешко“, посочи Орбан.
Тој изјави дека има и прекин на огнот, за што постои недоразбирање во западното јавно мислење, според кое прво треба да се направи мировен план, потоа да се отворат преговори и потоа да се спроведе прекинот на огнот.

„Но, тоа не е така, бидејќи гледајќи ги најновите искуства и моето лично искуство, поентата ми е прво прекин на огнот, потоа дијалог и на крајот мировен план“, подвлече Орбан.

Поврзани објави

Вицепремиерот Маричиќ во дводневна посета на Брисел

EUinfo

Мецола: Да им пружиме рака на луѓето од Западниот Балкан на кои предолго им се ускратува напредокот

EUinfo

Почна Самитот на европската политичка заедница

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info