EU Info
Политика

Обвинителството бара шест години затвор за италијанскиот вицепремиер Салвини

Обвинителството во Палермо денеска побара шест години затвор за италијанскиот министер за инфраструктура и вицепремиер, како и лидер на партијата Лига, Матео Салвини поради што не дозволил брод со мигранти да влезе на италијанска територија.

Салвини пред пет години кога беше министер за внатрешни работи не дозволил брод на шпанската невладина организација „Опен армс“ (Open arms) со 147 мигранти да се закотви на италијанскиот остров Лампедуза.

Салвини денеска пред судот изјави дека доколку треба ќе ги повтори постапките од пред неколку години. Тој истакна дека неговата одлука била во согласност со строгите мерки против мигрантите и хуманитарните организации кои спасуваат мигранти во Средоземното Море.

Салвини истакна оти е горд што ги заштитил границите на Италија.

Поврзани објави

Односите меѓу ЕУ и Швајцарија имаат планина за искачување

EUinfo

ЕУ, САД и Велика Британија го потпишуваат првиот договор за вештачка интелигенција

EUinfo

Пленарна сесија na EP 16-19 октомври 2023

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info