EU Info
Општество

Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот – Октоберфест.

Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.

Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври.

„Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден“, вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.

Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност.

Поврзани објави

Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

EUinfo

Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање

EUinfo

Европските туроператори против зголемување на таксата за ЕТИАС системот од 7 на 20 евра

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...