EU Info
Политика

Чезаре Онестини нов генерален директор на ДГ ОРГ на ЕУ

Актуелниот генерален директор за земјоделство, рибарство, социјални работи и здравство во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ, Чезаре Онестини е именуван за нов раководител на Генералниот директорат за организациски развој и услуги (ДГ ОРГ) на Унијата.

Како што соопшти денеска Советот на ЕУ, Италијанецот Онестини ќе ја преземе должноста генерален директор на ГД ОРГ на 1 јануари 2025 година, кога актуелниот директор Вилијам Шапкот заминува во пензија.

До именувањето на нов генерален директор за земјоделство, рибарство, социјални работи и здравство во Генералниот секретаријат на Советот, Онестини ќе продолжи да ја извршува оваа должност.

Генералниот директорат за организациски развој и услуги (ДГ ОРГ) на Советот на ЕУ е одговорен за организациски активности и услуги за поддршка, како протокол, организација на собири, човечки ресурси, логистика, финансии и обезбедување.

Поврзани објави

Унгарскиот парламент го избра Тамаш Суљок за нов претседател на државата

EUinfo

Комитетот за здравство на ЕП иницираше анкета за здравјето на жените

EUinfo

Европските избори во Австрија официјално закажани за 9 јуни

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...