EU Info
Политика

Екстремната десница во ЕП го предлага Маск за наградата Сахаров

Кандидатите за наградата Сахаров денеска беа претставени во ресорните комисии на Европскиот парламент. Секој предложен кандидат мора да има поддршка од најмалку една претставничка група или група од најмалку 40 пратеници.

Двете екстремно десничарски парламентарни групи Патриоти за Европа и Европа на суверени нации го предложија американскиот милијардер Илон Маск за овогодишната награда Сахаров, највисокото признание на Европска Унија за работа во областа на човековите права и заштита на слободата на изразување.

ЕК неодамна отвори истрага за социјалната мрежа Икс поради сомнежи дека платформата шири дезинформации и објавува нелегални содржини. Исходот од таа истрага може да резултира со висока парична казна.

Најголемата претставничка група во ЕП – Европската народна партија (ЕПП), ја предложи лидерката на демократските сили во Венецуела, Марија Корина Мачадо.

Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (С&Д) и либералниот клуб „Рењу“ (Renew) ги предлагаат палестинското движење Жени на сонцето и израелското движење Жени за мир и нивните коосновачки Рим Хаџајре и Јаел Адми. Двете се пацифистички и феминистички движења, кои се залагаат за мир на Блискиот Исток.

Политичката група на европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) го предлага Едмунд Гонзалес Урутуја, кој неодамна беше прогласен од ЕП за легитимен и демократски избран претседател на Венецуела. Урутија се кандидираше за претседател на Венецуела, но режимот на Николас Мадуро не ја признава неговата победа.

Претставниците на Зелените го предложија д-р Губад Ибадоглу, борец против корупцијата во Азербејџан, критичар на гасната и нафтената индустрија и активист за човекови права и животна средина.

Пратеничката група на Левица предложи група палестински новинари за наградата Сахаров.

Поврзани објави

Фицо го осуди планот на ЕУ да го запре увозот на руски гас

EUinfo

Коалицијата на Олаф Шолц понижена на европските избори

EUinfo

Неформален дводневен Самит на ЕУ во Будимпешта

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info