EU Info
Политика

Првични резултати од парламентарните избори во Австрија, Партијата на слободата во водство

Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја.

Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година.

Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто).

НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.

Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Поврзани објави

Мецола од Љубљана: Си поставив задача да ја доближам ЕУ до младите и различните

EUinfo

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“

EUinfo

Коалицијата на Олаф Шолц понижена на европските избори

EUinfo

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Во ред Повеќе ...

EU Info